По речиси 8 години од затворањето на полигонот кај спортската сала “Младост” наскоро Битола, ќе добие полигон за обука и полагање за возачки испити.
Со тоа конечно ќе се стави точка на проблемот со обука и полагање за возачки испити за битолчани, кои по затворањето на полигонот кај спортската сала Младост беа принудени цели 8 години да полагаат во соседните градови Ресен или Прилеп и за тоа да плаќаат дебели пари.
Земјиштето каде ќе биде лоциран полигонот од државно е префрлено во трајна сопственост на Општина Битола. Проектот за изградба на полигонот е завршен и според сите прогнози тој ќе биде изграден до крајот на годината.
Новиот полигон за возачки испити ќе се простира на површина од 5 илјади квадратни метри.