Don't Miss
Home / Uncategorized / 30 дена притвор за наркодилерот

30 дена притвор за наркодилерот

Рацијата која битолската полиција ја спроведе на улицата “ Јане Сандански “ кај Битолски весник даде резултати.
Фатен е наркодилерот Е.Б. на возраст од 50 години, на кој истражниот судија му одреди 30 дневен притвор и тој веќе се наоѓа во битолскиот затвор.
Имено според соопштението на полицијата СВР-Битола на 10.09.2014 год. до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Е.Б (50) од Битола, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори” по чл. 215 ст.2 КЗ на РМ.
Пријавениот на точно неутврден датум од НН лице набавил наркотична дрога хероин со цел да врши препродажба на лица нарко зависници од Битола. Дрогата ја продавал за паричен надомест од 300 до 500 денари од паковка.
На 08.09.2014 г. во околу 23,00 час. од страна на полициските службеници од ОКП-ОНТДО при СВР-Битола и превземање на мерки со цел фаќање на пријавениот, истиот е забележан на ул.”Јане Сандански” кај м.в. „Битолски Весник” како седи потпрен на паркирано возило и зборува на мобилен телефон. Од ул.„Јане Сандански”, полициските службеници се упатиле на паркинг просторот на Здраствен дом-Битола каде за кратко време со такси возило се појавиле лицата А.А., А.С., Р.А. и едно малолетно лице кое се упатило кон местото каде бил пријавениот, а останатите чекале во таксито во непосредна близина на паркингот.
Малолетното лице остварило контакт со пријавениот и за кратко време се вратила назад кон такси возилото кое ја чекало. Од страна на полициските службеници истата била пресретната и фатена. Во раката имала една пакета од Родео цигари во внатрешноста со шест најлонски паковки со НН прашкаста материја, кои се обезбедени, а со наредба за вештачење се испратени во ОКТ на МВР. Од извршената анализа утврдено е дека прашкастата материја спакована во шестте најлонски паковки со вкупна нето маса од 2,15 грама претставува наркотична дрога хероин кој истото (малолетното лице) го набавила за паричен надомест од 3.000 ден.
Пријавениот дрогата најчесто ја продавал на паркингот кај Здравствен Дом, пред ОУ ”Ѓорги Сугарев” или кај м.в. „Црквичето” во Битола.

После извршениот претрес во неговиот дом од страна на полициските службеници извршена е сеопфатна и поширока контрола на местата каде пријавениот се движел за време на продажбите на хероинот.
Во едно од местата било пронајдено најлонско пакување и во пакувањето со селотејп обвиткана наркотична дрога хероин која според првичната анализа е со нето тежина од околу 285 гр.
По расчистување и документирање на настанот, пријавениот е предаден судија за претходна постапка од Основен суд Битола, кој му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*