Од денеска, битолчани во реално време на своите мобилни телефони ќе имаат увид колкаво е и какво аерозагадувањето во Битола. За тоа се погрижија еко- ентузијасти од граѓанската иницијатива Биста
, кои на Широк сокак поставија мерна станица со сензори од независната платформа Airly за мобилни мерни станици, со која ќе се мери загадувањето на амбиенталниот воздух со параметри за ПМ- 10, ПМ- 2,5 и ПМ- 1 честички.
-Целта беше да се добие една релна слика на аерозагадувањето на територијата на градот Битола, во рњално време. Значи, овој уред кој што е овде поставен на оваа мобичлна мерна станица е моментно најсофистициран уред за утрвдување на овој тип од параметри на аерозагадување- рече Драган Вељанов од граѓанската иницијатива Биста
од Битола.