Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен беше организатор на две театарски
претстави во Кино салата во овој град, кои се одржаа во соработка со театарот Дел Арте
од Битола. Првата претстава „Новогодишните играчки на Ема“, е претстава наменета за
претшколска возраст и за деца до 10 години, додека втората, „Љубов или нешто слично“,
се однесува на тинејџерската популација.
„Нашата цел е секоја година да понудиме што повеќе настани пред новогодишните
празници и со тоа да ја дополниме празничната атмосфера. Во еден ден одлучивме да
организираме две претстави во соработка со театарот „Дел Арте“ од Битола, во
претпладневните часови за најмладите, а во вечерните часови за тинејџерите. Особено
беа среќни помалите деца, кои ги имаше во голем број од градинките и училиштата и се
радуваа на оживеаните играчки од претставата. Тинејџерите пак, како популација која
секогаш има што да праша и да научи, се чини дека најмногу реагираат на темата љубов,
што всушност и беше целта на претставата „Љубов или нешто слично““, рече директорот
на Домот на културата Драги Тозија, Васко Василевски.
Вечерва продолжуваат културните настани во оваа општина. Во Ресенскиот Сарај,
во 18 часот ќе се одржи концерт на хорот кој работи под закрила на Македонско-
Словенското здружение „Триглав“ од Битола, со што, велат од оваа културна установа, е
понудена културно-уметничка програма за сите вкусови.