Don't Miss
Home / Uncategorized / Јове Стојчевски го фати крстот во Битола

Јове Стојчевски го фати крстот во Битола

                 

Точно 29 момчиња во Битола  денеска скокнаа по  светиот крст кој во водите  на базенот во црквата “Св. Великомаченик Димитрија “ го постави владиката Петар.

Најсреќен меѓу нов беше дваесет и двегодишниот Јове Стојчевски  кој како што изјави по петти пат скокал по светиот крст.

Пресреќен  од фаќањето на крстот Стојчевски изјави:        

– Во фаќањето на крстот  учествував по  петти пат и конечно овој пат ми се насмевна среќата и го фатив крстот. Пресреќен сум. Посакувам многу здравје и  среќа да ме следи  во оваа година, а истото му го поскаувам и на сите мои сограгани,  изјави  Јове Стојчевски, кому митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско Новозеландски г. Петар му подари крст од храмот „Св. Великомаченик Димитриј” и примерок од Светото писмо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*