Наградата “Ајри Демировски”, која Битолски весник секоја година посмртно ја доделува, откако тој почина, оваа година отиде во рацете на познатата битолска и македонска интерпретаторка Билјна Дамјановска- Јанчевска.
Таа е родена во Мостар, но цел живот живее во Битола. Уште како млада пионерка со песната “Еј Гулаби- Гулаби бели” на фестивалот “Златно Славејче” ја најави својата богата музичка кариера.
Има учествувано на сите фестивали од Суботичкиот, во екс Југославија па се од Макфест, Валандово, Охридскиот фестивал.
Има испеано над 50 песни.
Билјана Дамјановска – Јанчевска, речиси 5 децении е присутна на македонската естрада.
Билјана Дамјановска – Јанчевска покрај тоа што е позната како добра интерпретаторка таа е и повеќе години почесен конзул на Република Босна и Херцеговина.
Со добивањето на признанието “ Ајри Демировски “ Билјана Дамјановска- Јанчевска се вброи во списокот на досегашните носители на призананието на “Ајри Демировски”: Виолета Томовска, Славе Димитров, Кире Костов, Љубојна, Фолтин, Сефедин Бајрамов, Анета Мицевска.
-Ова за мене лично преставува големо признание. Да се добие признание од човекот кој со својата песна “ Битола мој роден крај “ Битола ја направи вечна навистина преставува голем успех.
Му благодарам на Битолски весник за признанието и сите честитки од мене за организацијата на оваа прекрасна манифестација, ни изјави по добивањето на признанието, Билјана Дамјановска- Јанчевска.