Don't Miss
Home / Uncategorized / Пристигнаа првите купони за “ Најуспешни битолчани 2018“

Пристигнаа првите купони за “ Најуспешни битолчани 2018“

Со завршувањето на Старата 2018  и доаѓањето на Новата 2019 година, Битолски весник ја почна  годинашната традиционална акција “ Избираме најуспешни битолчани 2018”

Веднаш по новогодишните празници и објавувањето на првите гласачки купони, во нашата редакција пристигнаа првите предлози на кандидатите за признанијата на Битолски весник.

Почетокот на Акцијата покажува дека  конкуренцијата за признанијата во годинашната акција, која е јубилејна, 20 по ред, ќе биде исклучително голема.

Инаку читателите на Битолски весник можат да гласаат на купоните кои ги објавуваме на Огласната страница, како и на нашиот меил.

И годинава како и во сите изминати 19 години претходно, ќе бидат избрани најуспешните битолчани  во областа на политиката, бизнисот, образованието, културата, естрадата,  новинарството, спортот, невладините организации, банкарството, а ќе бидат доделени и награди за животно дело и трајни вредности, како и наградата “ Ајри Демировски”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*