Денес РК Пелистер ги засили своите редпви со двајца нови рамометари. Тоа се десното крило Александар Гуглета и голманот Даниел Ѓорѓески кои официјално потпишаа договори со битолските „зелени“.
Новите играчи во тимот на Јошко Петковиќ имаат големо ракометно искуство и освоените трофеи со нивните претходни клубови како во националното првенство, така и во регионалната СЕХА-лига и Лигата на шампионите.
Гуглета и Ѓорѓески вчера го одработија и првиот тренинг со новите соиграчи во Пелистер, а ќе дебитираат утре во суперлигашкиот дуел со Радовиш.