Don't Miss
Home / Uncategorized / Приземни лаги и измислици на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ

Приземни лаги и измислици на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ

  • Во врска со прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ со реакција се јавија од РЕК Битола. Во реакцијата се вели:
  • РЕК Битола ги демантира сите наводи изнесени на денешната прес конференција на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ. Постапката за која зборуваше опозицискиот портпарол е водена согласно сите законски процедури. Станува збор за отворена постапка која завршила со е – аукција – факт што автоматски ја исклучува можноста за преговори со заинтересираните економски оператори, односно во жаргонот на ВМРО – ДПМНЕ, за договор во четири очи. Условите и критериумите за набавка на услуга или стока, не ги пропишува Васко Ковачевски како директор на Подружницата, туку Техничка комисија и Комисија за јавни набавки, составени од стручни лица вработени од РЕК Битола, а согласно потребите на Комбинатот и согласно законските начела.РЕК Битола ги повикува сите надлежни институции да ги испитаат злонамерните инсинуации на ВМРО – ДПМНЕ. Тоа ќе биде најдобар одговор на т.н. сомнежи за криминал ипотврда за одговорното работење во РЕК Битола. На крај, РЕК Битола бара Димче Арсовски и ВМРО – ДПМНЕ да се извинат за лагите изнесени од страна на портпаролот Димче Арсовски. Во спротивно, ќе ги преземе сите мерки за заштита на честа и угледот на вработените и Комбинатот РЕК Битола во целина. т

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*