Во врска со изјавите изнесени на прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ со реакција се јавија од РЕК Битола.
Тендерот за технолошко чистење на БТО системот (транспортни траки и механизација во рудникот)во РЕК Битола е спроведен во редовна постапка за јавна набавка и преку електронско наддавање.Најниска цена на наддавањето понуди фирмата СВ Инвест. Информираме дека беа распишани уште два тендера за технолошко чистење: во термоелектранатаи на отпепелување. На тие тендери исто така учествуваше и СВ Инвест, но најниски цени тамупонудија други две фирми, кои на крајот ги добија тендерите, се вели во реакцијата на РЕК Битола.