Канал 5 соопшти дека ќе биде домаќин на телевизискиот дуел меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
По прелиминарно искажаната подготвеност на двајцата лидери и неколкудневни консултации со двете страни, договорено е дуелот да се одржи во вторник, 26 март, во рамки на емисијата „Само вистина“, со почеток во 18 часот и 30 минути, информираше вечерва телевизијата Канал 5.Присуството го потврдиле и од двете партии.