Деновиве средношколскиот дом “ Мирка Гинова “ во Битола, во кој се сместени околу 300 средношколци од околните градови:Прилеп, Кавадарци,Гевгелија, Росоман, Ресен, Кичево, Охрид, диби донација од Министерството за образование и наука во вредност од над 110.000 евра.
Донација се состои од нови кревети, јоги, канцелариски намештај, шкафови, фотелји, бироа, масички…
-Ова е прв пат овој средношколски дом да добие ваква донација. Со оваа донација во најголем дел ќе ги решиме проблемите кои ги имавме околу потребата од ваков намештај за сместување на учениците и условите на вработените, ни изјави директорката на средношколскитот дом “ Мирка Гинова “ во Битола,Елена Спасеновска.