Конституиран новиот локално економски совет
Posted by: Битолски Весник
in Uncategorized
April 16, 2019
1,468 Views
- Во Општина Битола се одржа првата конститутивна седница на ЛокалниотЕкономско Социјален Совет на Општина Битола. По запознавањето со значењето и улогата на ЛЕСС Битола,сите 22 присутни претставници едногласно го прифатија предлогот за претседавач да биде избрана градоначалничката на Општина Битола,м-р Наташа Петровска. За заменик претседавач е избран Ратко Христов, директор на Сокотаб, а за секретар претставничката од општинската администрација воЛЕСС –м-р Виолета Налевска. Претставниците на ЛЕСС Битола го усвоија деловникот за работа на ЛЕСС Битола, по што се разгледуваа планирањата на идни активности во рамките на проектот на Меѓународната организација за труд. Градоначалничката Петровска побара анализа на досегашното функционирање на ЛЕСС-те кои се 15 во РСМ со цел да се направи споредба и да се искористат позитивните искуства од работата на овие економско-социјални совети. На оваа седница, Мери Нашоку од МКЦ Битола ги прзентираше целите и активностите на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска кој што има за цел даги поддржи локалните актери во процесот на зајакнување и развој на ЛЕСС на Општина Битола. Во рамките на проектот, во текот на 2019 година ќе се реализира Форум на зедницата со цел да се генерираат идеи и приоритети за работа ЛЕСС Битола со сите зинтересирани страни на локално ниво.
битола ЛЕСС 2019-04-16