Don't Miss
Home / Градска хроника / Градежни интервенции на улица “Широка“

Градежни интервенции на улица “Широка“

На улица “Широка“ во битолската населба Баир, градежни екипи интензивно работат на поставување на канализационата и водоводната мрежа и поставување на коловозот.
-Поставувањето на канализационата мрежа изнесува над 6 милиони денари а водоводната мрежа над 4 милиони денари. Вкупниот проект со асфалтирање и коловозот ќе изнесува 30 милиони денари. Инвестицијата е многу потребна, бидејќи улицата “Широка“ е специфично место од повеќе аспекти- истакна првиот човек на битолската локална самоуправа, градоначалникот Владимир Талески.

siroka 3

Улицата “Широка“ не беше пробиена до улицата “Кукуш“, со нејзиното пробивање во голем дел ќе му се олесни на мештаните од овој дел на градот.

Оваа градежна сезона ќе заврши интервенцијата и на коловозот доколку дозволат временските прилики, беше речено на брифингот со новинарите.

siroka 1

-Канализацијата е во должина од околу 700 метри, во овој дел на Баирот воопшто е проблемот со канализационата мрежа и тука многу им се помогнува на граѓаните- рече директорот на ЈП “Нискоградба“, Кире Крстевски.

Во иднина Општината Битола ќе им се излезе и во пресрет на граѓаните, со санација на потпорниот ѕид на оваа улица, проект кој граѓаните срдечно го поздравија.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*