Don't Miss
Home / Uncategorized / За легализацијата на ”Копанки” гласаа и советниците на СДСМ кога беа опозиција

За легализацијата на ”Копанки” гласаа и советниците на СДСМ кога беа опозиција

            

            Во врска со донесеното решение издадено од Општина Битола, а потпишано од градоначалничката Наташа Петровска со кое се одзема правото на сопственост на ПСК Пелистер врз планинарскиот дом Копанки со реакција се јавија од ВМРО ДПМНЕ Битола

Донесеното Решение  е врв на лагите и лицемерието на градоначалничката Наташа Петровска и актуелното раководство на СДСМ во Битола. Битолчани по кој знае кој пат повторно се излажани од СДСМ и Петровска. Сите одлуки донесени во минатите состави на Советот на Општина Битола кои беа неопходни во процесот на легализација и утврдување на сопственост на планинарскиот дом Копанки се донесени со конзензус од страна на сите членови на Советот. Во тие состави членови биле градоначалничката  Петровска, координаторот на советничката група на СДСМ Илиевски, претседателот на Советот Валентин  Груевски, и претседателот на СДСМ во Битола Златко Ќурчиевски. Од нив истите додека беа во опозиција и во текот на предизборната кампања постојано слушавме дека се залагаат за решавање на проблемот преку директна финансиска поддршка од страна на Општина Битола за во рамки на постојната ситуација, а не преку одземање на правото на сопственост на ПСК Пелистер врз планинарскиот дом Копанки.

Членовите на ПСК Пелистер се љубители на планината и планинарењето, а не членови на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ или други политички партии. Сите лаги и обвинувања кои ги изнесовте во јавноста се само потврда дека ниту имате љубов кон Битола, ниту пак знаете што значи љубов кон планината и планинарењето. Вашата “љубов” за Битола ја гледаме само кога се во прашање вашите лични интереси. Затоа бараме под итно да одговорите на следните прашања:

– Дали и зошто цело време наназад како власт ја опструирате реконструкцијата на “Копанки” од страна на ПСК Пелистер?

– Дали позади ова решение стои нова афера со уцени од типот на Коки и Кики само сега режирана од Ваш коалиционен партнер ?

– Дали крајната цел е приграбување на “Копанки” од страна на лице кое е близок роднина на висок функционер од актуелната власт?

Битолчани ги знаат одговорите на овие прашања, а дали вие од власта ќе имате доблест да одговорите останува да видиме, се вели во Соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*