Во врска со случајот “ Боки 13 “ од СДСМ соопштија дека актуелниот случај покренат од обвинителството против Бојан Јовановски, менаџер на 1ТВ и бизнисменот Зоран Милевски е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани, обвинителство и МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција. Според владејачката партија, државата изградила институции и создала систем коишто се борат против корупцијата и криминалот.
„Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има. Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес на граѓаните и државата“, соопштуваат од партијата.