ЈУ НП Пелистер ја информира јавноста дека оваа година, заради биолошката зрелост на боровинката, на територијата на НП Пелистер, бербата и откупот на боровинки треба да започне од 10 август 2019 г..
Според тоа, НП Пелистер ги повикува и берачите и откупувачите на боровинка да го почитуваат ова соопштение и да се однесуваат согласно со законските обврски, за да нема потреба од примена на казнени мерки кон оние што нема да ја почитуваат оваа препорака. Инаку, маркици и легитимации за берачите, можат да се добијат во просториите на НП Пелистер, секој работен ден, од 07-15 часот.