Don't Miss
Home / Uncategorized / Акцијата “ Гора“ откри злоупотреби со дистрибуцијата на огревното дрво

Акцијата “ Гора“ откри злоупотреби со дистрибуцијата на огревното дрво

Постапувајќи по оперативата акција Гора од страна на Секторот за внатрешни работи Битола, утврдени се одредени злоупотреби од превозници (физички и правни лица), кои вршат транспорт на огревно дрво до крајните купувачи, со неиздавање на испратници за испорачаната дрвна маса која е жигосана со број на печат.

Од страна на Секторот за внатрешни работи Битола се преземаат соодветни мерки и активности за сузбивање на ваквите појави со поднесување на соодветни пријави до надлежното ОЈО.

Имајќи го во предвид горенаведеното, бидејќи се работи за поголем обем на утврдени неправилности, за краток временски период, Секторот за внатрешни работи Битола превентивно сака да ја запознае јавноста, за граѓаните на Битола да бидат информирани дека при приемот на огревното дрво исклучиво да бараат соодветни испратници издадени со печат од МЗШВ, а не наместо испратници да примаат друг документ како превозница (потврда за превоз или товарен лист), кои се интерни документи за самиот превозник, стои во соопштението на битолската полиција.

М.М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*