Полицијата привела 58-годишна биточанка која предизвикала пожар.
Според МВР, вчера околу 13,30 часот во СВР Битола била приведена Л.Т.К.(58) од Битола поради тоа што запалила сува трева и гранки, а огнот се проширил и зафатил гаража и магацин.
Пожарот бил изгаснат од протипожарната единица од Битола. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.