Don't Miss
Home / Uncategorized / Благој Стефановски добитник на наградата за животно дело на Битола

Благој Стефановски добитник на наградата за животно дело на Битола

                                 

            Екс министерот за култура и долги години директор на Народниот театар Битола  Благоја Стефановски-Баге е годинешниот добитник на наградата 4-ти Ноември за животно дело што Општина Битола ја доделува  по повод  4 Ноември денот на ослободувањето на Битола.   

       Благоја Стефановски е роден во Битола на 7 март 1953 година. Дипломирал на отсекот за драмски актери на Факултетот за драмски уметности во 1975 година.  Од 1975 до 1980 година бил директор на Битолскиот народен театар. Бил претседател на Фестивалот „Браќа Манаки”, претседател на Советот и селектор на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето” и претседател на Фестивалот „Војдан Чернодрински”.

        Од 1994 до 1998 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Од 1 ноември 2002 година до 6 јули 2006 ја извршува функцијата министер за култура.

Инаку годинава општината Битола  по повод празникот 4 Ноември  додели и седум едногодишни награди.

Добитници на едногодишни  признанија се: Марија Младеновска – Димитровска, психолог,  Васко Михалчев, Ѓорги Лазаревски, Градинката „Мајски цвет“, Марија Росенгрен,  Јасмина Буневска и печатницата Киро Дандаро.

            Признанијата на добитниците свечено ќе им бидат врачени на свечената седница на Советот на Општината Битола која ќе се одржи понеделник на 4 Ноември, во Народниот театар Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*