Од 29 до 31 ноември во просториите на Славјанскиот унивезритет “ Г.Р.Державин“ по четврти пат ќе се одржи традиционалниот четврти по ред младинскиот шахоски турнир „Державин“ кој како и минатата година, така и оваа, е пријавен и рејтингован од страна на Светската шаховска федерацја. Станува збор за еден од најквалитетните младински шаховски турнири, со награден фонд од 55.000 денари.
Ќе се играат два турнири и тоа Младински стандарден, за родени до 2001 година со рејтинг не поголем од 2000 во 7 кола (60 минути со додаток 30 секунди по потег) и Рапид за родени до 2009 со 7 кола (40 минути со додаток 10 секунди).
Покрај најсилните шахисти од нашата земја на турнирот се пријавени десетина млади шахисти од Р.Албанија.
Повикот е отворен и сеуште може да се пријават заинтересираните кандидати за овој мошне квалитетен шаховски турнир, велат од Славјанскиот универзитет.