Нинослав Јовановиќ, познат како „малчанскиот бербер“, денес е уапсен во полициска акција на подрачјето на Малча.
Педофилот околу пладне бил виден во една куќа. Според досега достапните информации, се претпоставува дека тој преспал во таа куќа, а излегол надвор во потрага по храна.
Педофилот Нинослав Јовановиќ беше во бегство седумнаесет дена, а интензивното пребарување од страна на српската полиција не запре ниту за новогодишите празници.
Малата Моника којашто тој ја киднапирал и девет дена ја држел во заложништво, беше пронајдена пред неколку дена во селото Пасјача.