Don't Miss
Home / Uncategorized / Што разговарал Боки по телефон

Што разговарал Боки по телефон

На денешното рочиште за случајот “Рекет” беа прочитани смс пораки, кои  на мрежата ” Whats app” од вештачењето на телефонот на обвинетиот Бојан Јовановски.

Јовановски комуницирал со пратеничката Фросина Ременски, со Орце Камчев, Дејан Панделевски и Катица Јанева.

Комуникацијата на Боки 13 со Ременски почнала на 24 декември 2018 година, кога Орце Камчев е во притвор за случајот “Империја”

“Моите информации велат дека утре Апелација ќе одлучи за ослободување од притвор на Орце”, му пишала Ременски на Боки 13.

Тој пак на ова одговара: “Не”, а
Ременски му возвраќа: “Дај боже”.

Понатаму таа му испраќа уште една порака, но во неа се и имињата на судиите: “Сафет, Цветанка Периќ, Јани Нича наводно утре ќе одлучуваат по жалбата на Орце, провери го ова”.
Боки возвраќа: ОК.

Комуникација помеѓу двајцата на оваа апликација има и во јуни лани, но во неа пратеничката му кажува на Боки дека на пратенички прашања во Собрание Антонио Милошоски поставил прашање за Коки, а дека З.З. одговарал и може да го гледа на МТВ3.

Комуникацијата на Камчев и Боки 13 почнува на 25 февруари 2019 година.

Бизнисменот му ги испраќа поканите кои ги добил од СЈО, па прашува: ” Не ли завршија”?

Потоа Камчев му испраќа и линк од медиум на кој ја има веста дека е слободен и дека ќе се одлучува за пасошите.

Во март продолжува нивната комуникација, а Камчев му вели: “Лиле не мирува”.

Камчев му појаснува и што се дал под гаранција, во 2,5 милиони евра и додава “Ај провери кога ќе го пуштат мислењето”.

На крај се читаа пораките меѓу Дејан Панделески, синот на Цветан Панделевски, осомничен во Империја.

На 15 јануари Боки испраќа порака со содржина “Сега ќе ги викнат адвокатите”, а Панделевски му вели “Не дава согласност Лиле”.

На 4 март Боки порака во која Панделески го информира дека стигнало решението, па додава: “Уште 500 сега”.

Боки вели: ” Фала ти, ај види ги и другите”.

Панделески му враќа: “Бојан ме блокира Царина, не можам повеќе.

На 8 мај Панделески му праќа нова порака на Боки 13:” Боки од мене ќе имаш 5 М. Тоа е максимумот, му вели Панделески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*