Сашо Јанакиевски не е повеќе почесен конзул на Унгардија во Македонија.
Унгарија го отповика Јанакиевски, газда на фирмата „Еко Клуб“, за која скопскиот градоначалник Петре Шилегов кажа дека несоодветно го третира медицинскиот отпад.
Од Министерството за надворешни работи ја потврдија оваа информација и велат дека вчера добиле нота од унгарското МНР дека го отповикуваат почесниот конзул во Битола, назначен во септември 2012 година, а отповикувањето, според нотата, стапува во сила веднаш. Нотата била куса, без образложение. Според процедурата, одлуката на унарското МНР треба да ја констатира Владата.