Don't Miss
Home / Uncategorized / ЕСМ бара извинување од Ивица Томовски и ВМРО ДПМНЕ

ЕСМ бара извинување од Ивица Томовски и ВМРО ДПМНЕ

Во врска со информациите кои ги пласира Ивица Томовски од ВМРО ДПМНЕ за наводна продажба на Елем турс со реакција се јавија од ЕСМ.В

о врска со информациите кои ги пласира Ивица Томовски Вработениот во Елемтурс, фирма-ќерка на АД ЕСМ, Ивица Томовски, во изјава дадена денеска 11.2.2020г во име на политичката партија ВМРО ДПМНЕ, изнесе лажна информација дека ЕСМ и Владата донеле одлука за продажба на хотелите на Попова Шапка кои се сопственост на ЕСМ.

Лицето објави одлука од Владата од декември 2019г и наместо точно да ја пренесе, тоа на јавноста и даде целосно невистинита информација.

Од одлуката јасно се гледа дека Владата како сопственик на ЕСМ го задолжува претпријатието во следниот период да достави Информација со предлог за одлука за едно од решенијата за Попова Шапка понудени во длабинската анализа и физибилити студијата изготвени од Прајс Ватерхаус Куперс, кое што се однесува на продажба на капацитетите.

Информацијата за која е задолжен ЕСМ од Владата допрва ќе се подготвува и во следниот период ќе следува нејзино испраќање до Владата и влегување во владина процедура на разгледување, па дури потоа и одлучување.

Од тие причини демантираме дека е донесена одлука за продажба.

Бараме демантирање на веста и извинување од страна на партијата ВМРО ДПМНЕ, и исто така бараме демантирање на веста и извинување од лицето Ивица Томовски кон јавноста, а особено кон фирмата во која што е вработен и од каде што му се исплатува личен доход. Исто така сметаме дека е потребно да упати извинување и кон вработените кај кои со лажните информации кои ги изнесува шири страв и неизвесност.

Во спротивно АД ЕСМ ќе преземе правни мерки за заштита на својот углед и спречување на нанесувањето понатамошна штета на деловното работење на компанијата од страна на споменатиот вработен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*