Денеска на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола се одржа петтата по ред јавна трибина посветена на дигитализацијата.
На трибината говореа министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.
Свој осврт даде и проректорот за настава на факултетот за информатички и комуникациски технологии, проф. д-р Игор Неделковски.
На трибината се зборуваше за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализацијата на јавната администрација. Посебен акцент беше ставен на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи.
Во декември, 2019-та запожна со работа ажурираната верзија на Националниот портал за електронски услуги, достапен на услуги.гов.мк Порталот е воспоставен и управуван од Министерството за информатичко општество и администрација.