Првообвинетиот во Транспортер, поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески денеска не дојде во судница на завршни зборови за случајот Транспортер.
Судијката Добрила Кацарска им порача дека нема да толерира одлагања и развлекување на постапката на самиот крај. Ќе се проверува лекарската документација која ја доставил Талески, а Кацарска порача дека ако не се потврди здравствената состојба на обвинетиот, веднаш ќе побара притвор за екс градоначалникот, а на останатите обвинети им порача да не го пробуваат истото и поради нивната неодговорност да одговара некој лекар.
Судот посочи дека Талески извадил лекарска белешка од Клиниката во Битола, која ќе ја провери поради тоа што не е наведено колку Талески ќе биде на боледување. Судењето за Транспортер се одложи за во среда, а случајот се однесува за злоупотреби при организирањето училишен превоз во Битола.