Над 50 вработени во битолската полиција: инспектори, полицајци и службеници го тужат Министерството за внатрешни работи и бараат да им се плати за прекувремената работа како и за работа за државни празници и викенди. Според наши информации, дел од тужителите го добија спорот против министерството и успееја да си ги наплатат побарувањата. Вработените ги добија судските спорови и за барањата да им се исплатат средства и за јубилејните награди. Средствата од овој судски спор што полицијата го загуби ќе паднат на товар на Буџетот на Република Македонија.
Б.В.