Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски и министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утре (вторник, 03.03.2020 година) во 11:15 часот ќе го посетат граничниот премин Табановце. Целта на посетата е проверка на системот за превенција и заштита од корона вирус на граничниот премин.
Во 11:30 часот, предвидени се изјави за медиумите на премиерот Спасовски и министерот Филипче.