Редакцијата на Битолски весник, како организатор на традиционалната манифестација “ Избираме најуспешни битолчани”,по најновите препораки и мерки на Министерството за здравство ја информира битолската јавност дека Манифестацијата, која беше (пре)закажана за сабота, 14 март е одложена.
Овој пат одложувањето на Манифестацијата, согласно препораките на Министерството за здравство ќе биде за најмалку 14 дена и на неодредено време.
За денот на одржување на Манифестацијата јавноста ќе биде известена веднаш по симнувањето на забраните и препораките на Министерството за здравство.
Битолски весник ги замолува сите граѓани, компании и поединци, кои имаат влезници за Манифестацијата истите да ги чуваат, бидејќи истите ќе важат кога ќе биде организрана Манифестацијата.
И покрај тоа што одложувањето на Манифестацијата ни донесе голем број непредвидени проблеми, сепак Битолски весник ги поздравува мерките на Министерството за здравство и истите во целост ќе ги почитува, бидејки здравјето на граѓаните ни е пред се.
Во договор со сите субјекти кои се вклучени во организацијата на Манифестацијата на Битолски весник, договорено е “Изборот на најуспешните битолчани за 2019 година” да се одржи веднаш откако од страна на Министерството за здравство бидат симнати сите мерки и препораки за неодржување на масовни собири.
Во оваа прилика Битолски весник им благодари за сите читатели и граѓани на нивната трпеливост и разбирање кое го покажаа по овие непредвидени проблеми со корона вирусот.