Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека нема да презема никакви дополнителни мерки и да доставува решенија за присилна наплата.
„Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека нема да доставува решенија за присилна наплата од парични средства по основ на сите даноци и други јавни давачки (глоби, судски такси), за сите оние обврзници кои ги немаат подмирено своите обврски кон УЈП. Оваа мерка ќе важи се додека траат препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширењето на корона вирусот“, соопштуваат оттаму.