Home / Uncategorized / Општината со нови мерки против корона вирусот

Општината со нови мерки против корона вирусот

Општина Битола донесе нови превентивни мерки за заштита од Ковид-19. Градоначалничката Наташа Петровска информира дека во функција е нов возен ред во општинскиот линиски превоз на патници, а од денеска се воведува и нов начин на работа на административните службеници. -Општина Битола ги информира граѓаните, доколку имаат потреба, да користат лиценциран авто такси превоз, со истакната лиценца на возилата и истакнат ценовник со утврдени тарифи за чинење на превозот. Општина Битола, од денес воведува нов начин на работа на административните службеници, односно ротационо двосменско работење, со цел постојано да има службеник кој ќе може да излезе во пресрет на итните барања на граѓаните, рече Петровска. Таа потсети дека секојдневно со голем број наставни содржини се надополнува платформата „Домашна училница“ на веб страницата на Општина Битола. -Покрај веќе објавената отворена телефонска линија 070 791 770, Црвениот крст воведе уште една телефонска линја за граѓаните на фиксниот телефонски број 047 236 019. Напоменувам дека броевите се однесуваат за набавка на храна и лекови за стари и изнемоштени лица, лица со пречки во развојот или неподвижни лица во период од 8-16 часот, а помошта ќе ја даваат лица кои ќе носат соодветна легитимација издадена од ОО на Црвен крст Битола, рече Петровска. Од Општината апелираат граѓаните да ги почитуваат јавните препораки од надлежните институции за борба и заштита од Ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*