Don't Miss
Home / Градска хроника / Утре прва седница на консултативното тело за следење на загадувањето во Битола

Утре прва седница на консултативното тело за следење на загадувањето во Битола

Утре,  во просториите на Советот на општината Битола, со почеток во 12 часот ќе се одржи првата седница на Консултативното тело за следење на состојбата со амбиенталниот воздух во Битола.
На денешната прес- конференција претседателот на ова консултативно тело, Стојан Кулевски од Демократскиот сојуз ги покани сите заинтересирани да присуствуваат на седницата.
Инаку консултативното тело беше формирано на последната седница на Советот, по многу бурна и жестока дебата на советниците, на која паднаа многу тешки меѓусебни обвинувања, за тоа кој е виновен за состојбата со загадувањето на воздухот во Битола.

sednica 1

Инаку,  во консултативното тело влегоа: Стојан Кулевски, претседател на Комисијата за заштита на човековата средина, Олга Лозановска, Иса Ибиш, Томе Наумов и Снежана Стоилова, сите членови на истата комисија за заштита на човековата средина, Зоран Михајловски и Тони Паспаловски од РЕК “ Битола “, Јулија Ивановска инспектор, советник во Општината Битола, Зоран Димовски, инспектор во државниот инспекторат за животна средина, д-р Лилјана Милевска од Центарот за јавно здравје, Зоран Јошевски проф, на Техничкиот факултет, преставник на Биотехничкиот факултет и УХМР.
Активни учесници во работата на консултативното тело ќе бидат и преставниците на невладините организации.
Ова консултативно тело треба да обезбедува точни информации за состојбата со амбиенталниот воздух во Битола, како и да поднесува инцијативи и предлага соодветни мерки и стратегии до Советот и градоначалникот на Битола.

Во консултативното тело одбија да влезат членови на Иницијативниот одбор “ За чист воздух во Битола “

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*