Почитувани пензионери-грагани на Општина Битола, Новаци и Могила,
Здружението на пензионери Битола ,ги известува сите пензионери, граѓани, дека е во пстојана координација со ОО на Црвениот крст Битола и Општина Битола за снабдување и потреба од од основни средства за хигиена ,храна, лекови како и други услуги за нашите пензионери- граѓани.
Апелираме да се почитуваат препораките ,за заштита и спречување од вирусот COVID-19, од Министерството за здраство и Владата на РСМ да се седи дома и да не се излегува надвор без потреба .
Доколку имате потреба од овие услуги јаветесе на телефоните 047-236-019 и 070-381-749. и најбрзо ке бидете услужени во вашите домови.
Ве известуваме дека на терен се излезени легитимирани волонтери –тимови ,кои вршат достаување на храна ,средства за хигиена лекови за сите пензионери и грагани
Останете дома, Грижата за јавното здравје е грижа и обврска на сите нас.
Здружение на пензионери Битола