Don't Miss
Home / Вести / Стоп за извршителите до 30 јуни

Стоп за извршителите до 30 јуни

Владата денеска на седница донесе уредба со законска сила за запирање на примената на Законот за извршување, со која се запира извршување до 30 јуни 2020 година

Уредбата, се наведува во владиното соопштение, утврдува дека работодавците на должниците, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РСМ и носителите  на платен промет се должни да запрат со постапување по издадените налози од страна на извршителите во наведениот период.

„Основните судови се должни да донесат одлуки по поднесените приговори за незаконитости при извршувањето врз основа на Член 86 од Законот за извршување, а Апелационите судови по поднесените жалби против решението на судот по приговор врз основа на член 87 од Законот за извршување, со цел да се создадат услови за непречена распределба на средствата пристигнати на посебните сметки на извршителите“, велат од владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*