Вторник, на 31 март во 12 часот, во Кривичниот суд во Скопје судијката Добрила Кацарска јавно ќе ја објави пресудата за предметот “ Транспотер’.
По речиси четири годишно судење со давањето на завршните зборови на обвинетите деновиве заврши судњето на обвинетите во овој случај, во кој покрај екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески и екс секретарот Слободан Бончановски, обвинети се уште 19 директори на основни и средни училишта, како и управители на автопревозни фирми.
Сите тие се обвинети за наводно нанесена штета на Општината Битола во износ од 360.000 евра.
Според информации на “ Нова Македонија “ на соопштувањето на пресудата нема да присуствува никој од обвинетите од Битола, бидејќи тие биле финансиски исцрпени од долготрајното судење.
Инаку од овој судски процес најмногу ќе профитираат адвокатите од Битола, кои деновиве ги доставле трошковниците за застапувањето на своите клиенти, кои изнесуваат милионски суми во денари.