Во Битола од коронавирусот се заболени уште двајца битолчани, со што бројката се искачи на вкупно 8 лица.
Од нив вкупно 4 заболени лица се сместени на болничко лекување во Инфективното одделение на Клиничката болница во Битола, додека останатите 4 инфицирани лица се наоѓаат на домашно лекување, нагласуваат од Клиничката болница во Битола, која деновиве со одлука на Министерсвото за здравство е прогласена за Регионален клинички центар, кој има капацитетот до 100 болнички кревети и потребен медицински кадар.