Синдикатот на РЕК “Осломеј“ покрај тоа што помогна за дезинфекција на просториите на болницата донираше и заштитни средства во Медицинскиот центар-Кичево.
Донирани се 2000 ракавици, 1.000 маски, 120 пакувања средства за дезинфекција.
Набавени се и ласерски термометри за мерење на телесната температура на вработените при влез во термоелектраната, односно пред пристапување на работното место, нагласуваат од ЕСМ.