Иванчо Тошевски, советник и лидер на ВМРО ДПМНЕ во својата честитка за јубилејот на Битолски весник пишува:
-56 години на Битолски весник, не се мала и несериозна работа. Тоа е опфат на два века, две држави и неколкукратно менување на влади и власти. Во меѓувреме низ страниците и стотици животни судбини, илјадници настани.
Медиумите се неодминлив дел од животот на секој од нас, иако техничко – технолошките напредувања и интернетот некогаш знаат да бидат агресивни кон старите, хартиени, неделни изданија – како Битолски весник.
Сепак тој остана една од добрите битолски работи, која издржа и која им е потребна на битолчани.
Битолски весник, да се множат годините и децениите, а на твоите страници повеќе стории за успехот и среќните луѓе во Битола.