Don't Miss
Home / Вести / Битолски весник е еден и единствен

Битолски весник е еден и единствен

             

Д-р Силвана Ангелевска, професорка и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ во честитката за 56 годишниот јубилеј на Битолски весник изјави.

-56 години…не се ни многу, не се ни малку. Но, 56 години континуирана работа на локален пишан медиум  – е тоа дефинитивно е за почит.

Дали некој град има свој весник? Дали некој друг весник во Македонија издржал толку долг период ?

Во текот на сите овие години, од 1964 до денес, во време на политички турбуленции, ограничена слобода на медиумите, тешки финасиски услови, во време кога приматот во медиумскиот простор го превземаат електронските медиуми, сепак еден неделен весник пркоси на се и понатаму опстојува.

И сигурна сум дека ќе опстојува уште долго, зошто Битолски весник е брендот на Битола. Од своето постоење до денес, менувал формат, тираж, дочекувал нови и нови генерации, но душата на весникот е тоа што го прави еден и единствен.

Честит јубилеј Битолски весник!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*