Home / Вести / Владата ги прифати барањата на синдикатите на ЕСМ и РЕК “ Битола “

Владата ги прифати барањата на синдикатите на ЕСМ и РЕК “ Битола “

                  

           Радосна вест за вработените во електро енергеткиот сектор и РЕК “ Битола“

Деновиве Владата ги прифати барањата на синдикатите на АД ЕСМ и Подружница РЕК “ Битола „ и донесе одлука за дополнување на Уредбата за исплата на плата на работниците во јавниот сектор и согласно Законот и Колективниот договор правото на додаток за работен стаж, додаток за ноќна работа, надоместок на плата на привремена спреченост на работа поради болест или повреда, надоместок на плата поради користење на годишен одмор, надоместок на плата за ден на државен празник и неработен ден утврден со закон, одвоен живот од семејството, надоместок на трошок за смрт на работникот или член на неговото семејство, отпремнина при заминување во пензија.

Сите надоместоци  ќе се исплаќаат и за време на траењето на вонредната состојба за месец април и мај.

Со ова е исполнето барањето на Синдикалната организација на РЕК “Битола“ и Синдикалната организација на ЕСМ, со кое се бараше да се дополни уредбата и додатоците и надоместоците на плата да останат во сила.

Со прифакањата на барањата  не се остварија намерите и предлозите на таканаречениот синдикат на ССЕРИ за отпуштање на вработени.

 Воедно, со дополнувањето на уредбата се запазени правата на сите вработени, независно во кој дел од процесот на производство се вклучени, ни изјави претседателот на Синдикатот на РЕК “ Битола “ Менде Фидановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*