Don't Miss
Home / Вести / Ќе се прават две улици во Долно Оризари

Ќе се прават две улици во Долно Оризари

Нови две улици (9-та и 17-та) во Долно Оризари во должина 335 метра добиваат асфалт, во вредност од 1.860.000 денари.

Заедно со претходните 5 улици, ЈКП „Водовод“ менуваше водоводни приклучоци во вредност од 324.000 денари, а КЈП „Нискоградба“ работеше на подигнување на шахти и нови капаци, во вредност од 480.000 денари. Проектот го реализира Општина Битола, а  администрирањето се врши преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска изврши увид во градежните активности. Локална самоуправа инвестира околу 6,5 милиони денари во над 2700 метри квадратни  во улици.

Во тек е постапката за реконструкција на нови 7 улици во Долно Оризари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*