Битолските јавни претпријатија “ Водовод “ и “ Стрежево “ ги надминаа сите претходни недоразбирања.
Денеска првите на луѓе на претпријатијата, Горан Козаров на ЈП “ Водовод “ и Менде Граматковски на ЈП “ Стрежево “ по неколку месеци интензивни преговарња и договарања потпишаа договор со кој се регулира процесот на мерење и испорака на преземена вода на ЈП “Водовод“ од акумулацијата “Стрежево“
-Сакам да се заблагодарам на стручните тимови кои најдоа решение за овој проблем и на добрата соработка со ЈП “Стрежево“ ,како и решавањето на овој проблем за двете страни, рече првиот човек на ЈП “ Водовод “ Горан Козаров.
Директорот на ЈП “ Стрежево “ Менде Граматковски во својата изјава за медиумите по потпишувањето на договорот истакна дека за разлика од порано, кога недоразбирањата и споровите на овие две битолски јавни претпријатија се решаваа на суд, сега релациите меѓу двете претпријатија се на одлично ниво и во интерес, не само за двете претпријатија туку и воопшто за граѓаните на Битола.