Home / Вести / “Водовод“ и “Стрежево“ се договорија за идната соработка

“Водовод“ и “Стрежево“ се договорија за идната соработка

               

          Битолските јавни претпријатија “ Водовод “ и “ Стрежево “ ги надминаа сите претходни недоразбирања.

          Денеска првите на луѓе на претпријатијата, Горан Козаров на ЈП “ Водовод “ и Менде Граматковски на ЈП “ Стрежево “ по неколку месеци интензивни преговарња и договарања   потпишаа договор со  кој се регулира процесот на мерење и испорака на преземена вода на ЈП “Водовод“ од акумулацијата “Стрежево“

 -Сакам да се заблагодарам на стручните тимови кои најдоа решение за овој проблем и на добрата соработка со ЈП  “Стрежево“ ,како  и решавањето на овој проблем за двете страни, рече  првиот човек на ЈП “ Водовод “ Горан Козаров.

Директорот на ЈП “ Стрежево “ Менде  Граматковски  во својата изјава за медиумите по потпишувањето на договорот истакна  дека за разлика од порано,  кога недоразбирањата и споровите на овие две битолски јавни претпријатија се решаваа на суд, сега релациите меѓу двете претпријатија се на одлично ниво и во интерес, не само за двете претпријатија туку и воопшто за граѓаните  на Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*