Познатиот виолинист Антал Залаи од Унгарија, во понеделник ќе одржи концерт со почеток од 20 часот во рамки на Меѓународниот фестивал на сериозна музика, “Интерфест 2014“.
На годинашниот фестивал, како и во изминатите 22 години се одржува под покровителство на Министерството за култура, како и со поддршка на локалната самоуправа на Битола ќе настапат познати имиња од домашната и меѓународната музичка сцена.
Антал Залаи
Меѓу позначајните имиња, кои љубителите на сериозната музика во Битола ќе имаат можност да ги видат се Алесандро Кроста, флејта и Надја Теста од Италија, познатиот баритонец од САД, Кристов Беирнацки, Василиј и Николај Герасимец од Германија, кои ќе свират на виолончело и клавир, Валерија Занини од Бразил, која ќе настапи на пијано, Алфредо Натили, кларинет и Мојра Мишелини пијано од Италија, гитаристот Лука Лучини од Италија, пијанистот Матео Фалони од Италија.
Од домашните познати музички имиња ќе настапат Марија Ѓошевска на пијано, Ана и Олег Кондратенко и Марија Вршкова. Фестивалот ќе трае до 12 октомври, кога свечено ќе биде затворен.
Годинава учесниците на фестивалот Данило Новаковиќ и Лана Јеленковиќ од Србија ќе имаатсвој настап во Охрид,а во Охрид ќе настапат и Елоизо Касио
Б.В.