Don't Miss
Home / Вести / Во Новаци чествување на празникот Рождетсво на Пресвета Богородица

Во Новаци чествување на празникот Рождетсво на Пресвета Богородица

Во бисерот на Пелагонија, манастирот Рождество на Пресвета Богородица  со Вечерна богослужба со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот г.Петар, започна чествувањето на празникот на Раѓањето на Мајката Божја.

И оваа година, во услови на пандемија, кога човештвото е исправено пред новото искушение, продолжи традицијата на чествување на големиот празник Рождество на Пресвета Богородица во истоимениот храм во село Новаци но без  досегашните официјални приеми, приредување на манастирски ручек и културно-уметничка програма.

Грижејќи се за духовното, но и за телесното здравје на своите верници општина Новаци и манастирската управа  ги презедоја и спроведија сите мерки согласно законските правила и услови за заштита од вирусот со цел достојно одбележување на празникот во услови на пандемија .

-И во услови на пандемија, со строго почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19, ја продолжуваме традицијата на чествување на големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица, или Мала Богородица во нашиот бисер и културен храм , манстирот Рождество на Пресвета Богородица во село Новаци. Огромна е културната улога на овој храм за развој на нашата општина. Повеќе децении во храмот Рождество на Пресвета Богородица многумина го наоѓаат својот духовен мир. Овој храм претставува културен белег и заштитник на нашиот народ. Локалната самоуправа секоја година го помага манастирот во делот на подготовките околу големиот настан како и финансиски и е во постојана координација со манастирскиот одбор.Како локална самоуправа апелираме за достојно одбележување на празникот, верниците да се придржуваат и да ги  почитуваат пропишаните мерки и протоколи  да се грижат за сопственото но и јавното здравје, истана во честитката градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски.

“И оваа година и покрај состојбата со коронавирусот, традицијата  на одбележувањето  на празникот е запазена но во духот на почитување на мерките и протоколите. Бидејќи изостанаа традиционалнте приеми, ручек и културно-уметничка програма, кумството останува  кај Ирена Деловска. Со вечерна и утрена богослужба и света божествена литургија, празникот е достојно одбележан”.-истакнаа од Манастирскиот одбор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*