Најдобрите мото-кросисити од Македонија в недела на патеката кај Братиндол ќе ги одмерат силите на трката посветена на прерано починатиот основач на мото клубот ЛТД од Битола, Тони Гулевски- Бабушо.
Трката е под под покровителство на Мотоциклистичката федерацијата на Македонија а ќе се одржи в недела, 12 октомври на легендарната патека Братиндол .
Досега е најавено е учество на 30-тина учесници од Македонија и соседните држави.
Од 10:30 до 11:30 ќе бидат одржани квалификациите за стартни позиции, во 11:30 е предвидено свеченото отворање, а првата трка ќе започне во 12 часот.
Натпреварувачите се поделени во 3 класи: МХ1, МХ2, МХ3, а најдобрите по класи во вкупен пласман по двете возења ќе се искачат на победничкиот подиум во 14:30.
-Од мое име, а и од името на семејството Гулевски голема благодарност до сите оние кои што помогнаа оваа трка да се одржи во чест на нашиот драг колега моторциклистот Гулевски – изјави Борче Костов, претседател на организациониот одбор.
С.Р.