Мал драмски театар-Битола денеска отпатува за Романија каде ќе учествува на меѓународниот театарски фестивал „Нотара” во Букурешт.
Мал драмски театар-Битола пред два дена настапи на театарското биенале во Црна Гора, фестивал кој е во тек, и во очекување на резултатите од меѓународното жири, ние продолжуваме за Романија, истакна Благој Стефановски, менаџер на Мал драмски театар-Битола.
-Според фестивалската програма, во Букурешт ќе настапиме во вторник навечер каде ќе ја одиграме наградуваната претстава „Грав” од Елин Рахнев во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Овој копродукциски проект на Мал драмски театар-Битола и Драмско-кулклен театар од Враца досега освои повеќе меѓународни награди и признанија, а веруваме дека континуитетот ќе продолжи во Романија, посочи Стефановски.
Во претставата „Грав” настапуваат актерите Јоана Поповска, Анастас Попдимитров и Георги Грозев.
Tagged with: гостување Мал драмски театар Романија фестивал