Don't Miss
Home / Култура / Организаторите на “Интерфест“ иницираат возобновување на концертната сала во Домот на АРМ

Организаторите на “Интерфест“ иницираат возобновување на концертната сала во Домот на АРМ

Организаторите на интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест” , што оваа недела се одржува во Битола, излегоја со иницијатива и собирањето потписи за обнова и ставање во функција на концертната сала во Дом на АРМ која е затворена седум години.
Уметничкиот директор на фестивалот Милица Шперовиќ-Рибарски информира дека иницијативата ја потпишале учесниците на годинешното 23-то издание на фестивалот, публиката и други вљубеници во класичната музика кои сакаат концерти и во познатиот офицерски дом во Битола.
– Нашата граѓанска иницијатива е со цел да се обнови концертната сала во Дом на АРМ во Битола. Книгата досега ја потпишаа стотина учесници на фестивалот, публиката, а ќе се потпишат и други лица кои се залагаат прекрасната сала за концерти во офицерски да се возобнови бидејќи 7 години е затворена. Домот на АРМ во Битола е вистинска гордост, а концертната сала има таква акустика што ја нема на друго место во Македонија. Тој прекрасен простор со огромниот лустер и други деталји е магичен и инспиративен за секој уметник и треба да се обнови, изјави Шперовиќ- Рибарски.
Меѓународниот фестивал на класична музика „Интерфест” завршува викендов со два целовечерни концерти. Вечер ќе настапи италијанката Елоиза Кашо, а утревечер Олег и Ана Кондратенко.
Интерефест во Битола се одржува со поддршка од Министерството за култура, а поддршка добиваат и од Општина Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*