Don't Miss
Home / Вести / Спомен-обележја во чест на американско училиште и болница од Првата светска војна

Спомен-обележја во чест на американско училиште и болница од Првата светска војна

Американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мари Брнз, заедно со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, денеска посетија неколку локации во градот, при што беа откриени и две спомен-обележја.

– Во сеќавање на американското училиште за девојки во Битола и американската воспитувачка и мисионерка Мери Луиза Метјуз 1888-1920. Мери Метјуз ќе биде запаметена како една од херојките, која, наместо да си замине, избра да остане и да им биде подддршка на жените во тешките времиња – стои на спомен-плочата, која свечено беше откриена од страна на градоначалничката Петровска и амбасадорката Брнз на локацијата, на која за време на Првата светска војна постоело американското училиште.

На локацијата, која претставува дел од старата градска архитектура, сместена во централното градско јадро, како објект од културно значење, беше направен краток осврт за делувањето на оваа мисионерка, од страна на Јове Парговски, вработен во Завод и музеј Битола.

Пред американското катче, амбасадорката и градоначалничата Петровска, заедно со директорката на Заводот и музеј, Мери Стојанова, и директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска-Илиевски, се сретнаа со ансамбл од САД, кој настапува на фестивалот „Илинденски денови“.

Во паркот кај градскиот часовник беше откриено спомен-обележје на првата американска болница во Битола, која постоела за време на Првата светска војна. На настанот присуствуваа и претставнци на Општинската организација на Црвениот крст Битола како симбол на поддршката што во тоа време ја дал Црвениот крст.

– По завршувањето на Првата светска војна, двете докторки од САД, познати како ангелите од Битола, д-р Регина Флод Кејс и д-р Францис Мабел Флод, ја отворија првата американска болница во Битола, раководена од жени, со поддршка на Црвениот крст, за да му помогнат на локалното население. Мотото на американската мисија беше: „Успеавме да ја добиеме војната, сега мораме да го добиеме мирот“ – пишува на спомен-обележјето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*